Младата американска пејачка Мaeта доживеа драма на снимањето на новиот спотот во неделата, кога змија ја касна за лицето.
Идејата била да легне на подот додека црна и бела змија лазат по нејзиното тело. Сепак, сè тргна наопаку кога врз неа покрај црната, ја пуштија и белата змија.
Црната змија наеднаш „здиве“, се испружи и ја касна пејачката за брадата, но таа за среќа брзо реагираше…
Ја зграпчи и ја отфрли змијата од себе, но евидентно беше видно вознемирена, а целиот инцидент за среќа поминал без потешки последици.
never again pic.twitter.com/Mx85NsvZVi
— Maeta (@Maetasworld) December 19, 2021