Радио Милева
лош сопруг

„На што личиш… “ Ана Николиќ го врати младешкиот изглед за инает на поранешниот сопруг (фото)

„На што личиш… “ Ана Николиќ го врати младешкиот изглед за инает на поранешниот сопруг (фото)

Ана Николиќ вели дека ослабела  за инает на поранешниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста, бидејќи тој и рекол дека дебела жена може да пее само на пазар. Во 2020 година пејачката ослабела дури 35 килограми за четири месеци, па од 93 килограми падна на 58.

Николиќ била очајна што бившиот сопруг ја понижил поради нејзиниот физички изглед.

– Гневот и инаетот кон Раста ме натера да ослабам. Ми рече дека можам да настапувам само во маркет, бидејќи личам на касиерката од „Макси“. Затоа во една емисија ги поздравив касиерките против кои немам ништо – изјавила Николиќ во емисијата и додала дека не очекувала од него да биде толку груб.

– Ми рече: „Гледај на што личиш!“ На жената која му роди дете! Наместо да ми биде поддршка. Ме газеше, а сакаше и да ме „тепа“. Епа, не може! Ана вели дека по ужасните моменти кои ги доживеала со Раста, никогаш повеќе не би можела да биде со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

На крајот на краиштата, ние двајца повеќе не можеме да бидеме љубовен пар. Го доживувам како далечен роднина од село. Можеме да бидеме брат и сестра, но не и маж и жена! – рече популарната пејачка и додаде дека Стефан не е лош човек, но дека не е за заеднички живот.

– Добар е како пријател, татко, колега… Има одлична енергија и е хиперинтелигентен. Но, не беше добар сопруг.

Фото: Принтскрин/ М. Чубриловиќ/ М. Рафаиловиќ/Инстгарам/ А. Николиќ

 

 

Останати вести од Радио Милева