Радио Милева

На сцена ама со поинаков повод: Наташа Беквалац дојде во Скопје и правец кај овој Македонец (фото)

На сцена ама со поинаков повод: Наташа Беквалац дојде во Скопје и правец кај овој Македонец (фото)

Новосадската барбика, пејачката Наташа Беквалац вчера беше во Скопје, а иако првично и оправдано ви падна на памет дека дошла да пее, поводот за посетата беше нешто сосема друго.

Таа беше гостинка на регионалната конференција „Про-фемина 2019“ каде имаше свој говор,а во фокусот беше женското прашање.

-Беше чест да се говори на конференцијата „Про фемина 2019“, фала на убавата енергија и аплауз, пишува Беквалац на својот Инстаграм задоволна од настанот.

Ама пред да се појави пред многуте дами во публика, Наташа како што е ред мораше да се среди и да изгледа перфектно. За тоа и требаше професионалец, па довербата му ја препушти на познатиот македонски стилист Даниел Николовски.

За средбарта и задоволството од соработката, пејачката веднаш се огласи на социјалните мрежи и напиша дека Даниел за неа освен соработник е и голем пријател.

фото:наташа беквалац/инстаграм

Со објавата и двајцата си поласкаа еден на друг и коментарот го дополнија со симболи од срциња.

To top