Семејството, колегите и пријателите секојдневно го посетуваат местото каде што е погребан Шабан Шаулиќ – кралот на народната музика и големиот човек и пријател! Секојдневно доаѓаат и голем број луѓе од неговата огромна армија обожаватели, кои на веќното почивалиште палат свеќи, оставаат цвеќе, разни други предмети, дребулии и реликвии…
Две негови обожавателки сепак оставиле нешто многу необично, што толку многу потсетува на него и неговите песни. Имено, тие на гроботна Шабан оставиле стихови во рамка, кои се всушност песна составена од некои од стиховите на неговите песни.
„Шабан Шаулиќ, таков пејач се раѓа еднаш, и вака стихот се пее, кралот на нашите народни песни, најголемата легенда на сите времиња. Солзи ни потекоа, кога ја слушнавме веста, каде е сега тој боем и таа добричина, олицетворение на честа? Многу ни е жал што животот е зол, најдобар пејачу на нашето време, легендо најголема, никогаш не прежалена.
„Ние сочувствуваме со Вашата болка, драги членови на семејството Шаулиќ“- стои на крајот од оваа песна.