Кристијано Роналдо (38) и неговата партнерка Георгина Родригез (29) пристигнаа во Мадрид поради работа. За време на промоцијата се случи интересна ситуација, а реакцијата на Роналдо ги шокираше сите.
Kога новинарите ја прашаа Георгина дали ќе се омажи за Кристијан, таа одговори:
– Секако.
Роналдо видно изненадено реагираше додека Георгина ја даваше изјавата и преврте со очите, а сè беше снимено од камерите. Видеото стана вирално и почна да се шири на социјалните мрежи, а екипата на Твитер не ги штедеше во коментарите.
Cristiano Ronaldo looks visibly annoyed at Georgina once she starts to speak at the launch of his new water company Ursu. Maybe the recent twerking videos she uploaded have angered him? That’s why Georgina hasn’t posted any recently. Will their relationship end soon? pic.twitter.com/I7tQFlX2Rx
— LLF (@laligafrauds) June 8, 2023
„Сите врски на Роналд се само поради децата“, „Ирина Шајк е подготвена да се врати“ – додале тие..
Да потсетиме, гласините за проблемот на овој пар станаа сѐ погласни во април. Проблемите наводно започнале кога Роналдо пристигнал во новиот клуб во Саудиска Арабија, Ал Наср, а Георгина деновите ги поминува на шопинг во луксузни трговски центри. На фудбалерот многу му пречело тоа што повеќе не е посветена на семејството како порано, туку гледа само за себе и за својата корист.
View this post on Instagram
Парот ги има ќерките Бела Есмералда и Алана Мартин, синот на Роналдо, Кристијано помладиот, кој го доби со жена чиј идентитет не е откриен, и близнаците Ева и Матео, кои на светот ги донесе сурогат-мајка.
А во април минатата година го загуби синот кој почина при породување.
Фото: Принтскрин/Твитер/Инстаграм