Петтата сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ започна во недела, а и оваа година има многу кандидати ќе имаат прилика да се покажат пред пошироката јавност.
Како и секоја сезона, така и оваа ќе има и кандидати од Македонија и регионот кои ќе се борат да стигнат до самото финале, или пак до првото место.
Во првата емисија на „Никогаш не е доцна“ настапуваше шеесетодишниот Руфат Селим Роки од Скопје, поточно од Шутка.
„Моето име е Роки, така ме викаа бидејќи трчав во училиште. Секогаш бев разочаран зошто ме викаа Роки. Но, јас не сум таков човек, јас сум позитивен, сакам да се дружам“ вели Роки во најавата.
Роки истакна дека имал желба да биде голема ѕвезда, но таа желба не му се исполнила поради недостаток на финанасии.
„Јас сакам да ме знаат луѓето, да ме знае цел свет“ вели Роки, а сонот на Роки му се исполни кога застана на сцената на Гранд.
Роки се претстави со песната „Виѓаш ли ми стара љубав“ од Шабан Шулиќ, а публиката и жирито беа воодушевени од неговата интерпретација.
„Оваа песна вака се пее. Феноменално, без грешка“ беше кратка Пријовиќ.
Пофални зборови за Роки имаше и Саша Маринковиќ Маре.
„Јас не забележав ниту една грешка. Слушнав предобра динамика и многу добра техника. Како да си пеел 50 концерти бидејќи тоа го отпеја рутински и лесно, секоја чест“ изјави Маре.
По гласањето на публиката во студиото, Роки со 50% гласови помина директно во следниот круг.
За потсетување, во претходната сезона во „Никогаш не е доцна“ двојна победа однесе Ленче Кукиќ од Струмица, односно таа победи по гласови на жирито и Фејсбук гласачите, а по гласовите на публиката победи Бејхан Рамов од Прилеп.
Настапот на Роки може да го погледнете во видеото подолу на 18: 09.