Радио Милева доста е

На Рада Манојловиќ и „пукна филмот“ и реши да стави точка на муабетите дека се оперирала (фото)

На Рада Манојловиќ и „пукна филмот“ и реши да стави точка на муабетите дека се оперирала (фото)

Пејачката Рада Манојловиќ е една од ретките која е природна од глава до петици.

Додуша, на почетокот на кариерата Рада ги корегираше само забите, а често нагласуваше дека нема намера да вградува силикони.

Но, Манојловиќ уште еднаш се најде на удар на критики за тоа дека го оперирала носот, поради што проговори и демантираше дека направила естетска операција.


„Прочитав дека го оперирав носот. Еве, оставам фотографија од ланската новогодишна ноќ. Дали ова ви звучи како операција? Нема како луѓето да сфатат дека имам поубав и погрден профил, а не сум единствена, односно дека од едниот профил носот ми изгледа помал, а од другиот се гледа таа крива. Ако некогаш размислував да го оперирам, сега не би го менувал за жива глава. Долга глава оди со долг нос. Точка“, порача Рада преку својот Твитер.

фото:Инстаграм принтскрин/Рада Манојловиќ/Пинк ТВ

To top