Популарната пејачка Емина Јаховиќ се разведе од турксиот поп пејач Мустафа Сандал, а оттогаш е главна тема во медиумите.
Како што пренесува српски „Ало“, Мустафа благодарение на неговите врски и пријателства во Турција предизвикува медиумите да пишуваат за Јаховиќ бидејќи не може да поднесе затоа што повеќе не е со пејачката.
По шпекулациите дека Емина и бившиот сопруг се скарале, сега пишуваат дека Јаховиќ е на работ на анорексија. Имено, тие ги споредија нејзините фотографии од почетокот на кариерата и денес, а извор близок на пејачката тврди дека ослабела дури 10 килограми.
Емина во последно време поминува низ стрес. Посебно ја погоди што повеќе не е со Мустафа, а кога ќе се најдат на исто место, таа не може да поднесе што е во негова близина, посебно сега кога знае дека не се во брак, тврди извор за турските медиуми и додава дека семејството и нејзините пријатели се загрижени за нејзиното здравје.
Ништо не јаде. По цел ден е во студио или на тренинг, а не се грижи ниту за исхраната. Сите и велиме дека е на работ на анорексија. Не изгледа како некогаш. Често е нерасположена и нервозна. Не може да се разговара со неа, тврди изворот.
Дали Емина ќе се огласи на овие шпекулации останува да видиме.
Од друга страна, точно е дека пејачката ослабе со оглед на тоа дека често тренира и води грижа за својата линија.
фото:Инстаграм