Радио Милева расположени

На Прија и се придружи и Теа Таировиќ: Пејачките со атрактивен стајлинг и енергичен настап направија спектакл во Загреб (видео)

На Прија и се придружи и Теа Таировиќ: Пејачките со атрактивен стајлинг и енергичен настап направија спектакл во Загреб (видео)

Пејачката Александра Пријовиќ трета вечер како настапува во Арена Загреб, а на ова место ќе одржи пет последователни концерти. Со оглед на тоа што на секој концерт на оваа турнеја има по некој гостин, ниту сега не беше исклучок.

На сцената најпрво и се придружи и МЦ Стојан со кој го отпеа нивниот дует „Шта би“, а потоа следеше уште едно изненадување.

На Александра на сцената и се придружи Теа Таировиќ, а нивниот заеднички настап ретко кој остави рамнодушен. И двете беа енергични и расположени, а освен што изведоа големи хитови, акцентот беше ставен на нивните атрактивни стајлинзи.

Таировиќ се заблагодари за дочекот со „раширени раце“, а со Прија го отпеа и  хитот „Будало“.

На видеата објавени на социјалните мрежи, следбениците оставаат коментари за квалитетот на пејачките, успехот на Александра Пријовиќ, но и предизвикувачките изданија во кои и двете излегоа на сцената.

Теа на концертот носеше златен мини фустан, додека Прија реши да ја покаже својата извајана фигура во кожни, тесни панталони.

Фото: : Принтскрин/Instagram/aleks_prijovic_zivojinovic

To top