Летната сезона и летните одмори се во полн ек.
Уште од месец мај, некои од познатите ги спакуваа куферите и заминаа на плажа.
Додуша, некои заминаа како дел од маркетинг тим на познати агенции, па уживаа во Турција рекламирајќи ги турските хотели, плажи, убавини.
Со оглед на тоа веќе попуштија мерките од коронавирусот, барем засега, додека не не нападнал некој нов сој, познатите го искористија убавото време да одат на плажа, да се расоблечат во бикини и спасот од горештините да го бараат во вода.
Некои се одмараат во Албанија, некои во нашиот Охрид, Дојран…на кој каде му е најубаво.
Пејачката Каролина Гочева има профили на социјалните мрежи, но не е премногу активна, па да „виси“ 24/7.
И кога станува збор за нејзиниот приватен живот, не сака многу да зборува и да открива детали, а одвреме – навреме знае да сподели некое сеќавање…
Периодов сите бараат спас од горештините, некои надвор од главниот град, некој на плажа, другите се кријат во своите домови под клима или на некој градски базен.
Деновиве, Каролина Гочева ужива можеби на една од нејзините омилени дестанции.
Како што обзнани на социјалните мрежи, пејачката деновиве е во родната Битола.
Прво, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија со разеленетиот поглед од нејзиниот прозорец, а како локација ја стави Битола.
Меѓутоа, Гочева го има и најубавото друштво за летото, односно нејзините внуки.
„Моите девојки“, напиша таа до објавата.
Каролина ужива во семејните моменти во родното место, а дали наскоро ќе замине на некоја плажа да се разладува, останува да видиме.
фото: принтскрин/инстаграм/каролина гочева