Радио Милева празнично уживање

На појадок со поглед на Лила… Не, на појадок со Лила со поглед на езеро! (ВИДЕО)

На појадок со поглед на Лила… Не, на појадок со Лила со поглед на езеро! (ВИДЕО)

Велигденските и првомајските празници минаа. Многумина споија сили земаа слободни денови за да заминат некаде. Како што веќе пишувавме, Лила Филиповска за празниците планираше да остане дома, ама доби понуда што не се одбива, па откако претходно ги вапца јајцата, истите ги помина на охридската ривиера.

А таму, расоблечена по бикини ги фаќаше првите (про)летни сончеви зраци, откако претходно разголена, релаксирана, опуштена и задоволна уште од рано изутрина уживаше во погледот од хотелската соба!

Појадокот велат е најважниот оброк во денот, па затоа и Лила никако не го пропушта и прескокнува. И додека таа уживаше на полната утринска трпеза во изборот на она што го нудат домаќините, погледот од хотелската соба го замени со поглед на езерото од хотелската тераса.

Облечена во црно боди, и црна проѕирна наметка, уште со првиот чекор од зад завесата на хотелската соба Лила покажа дека најважно и е да ужива во животот…

Веројатно длабоко убедена во животното мото: „Земи се’ што животот ти пружа, денес си цвет, а утре свената ружа“! Иако мора да се признае, дека овој цвет,  веќе долги години „цвета“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Чекор по чекор, нога пред нога, со манекенски од како по писта, водителката седна да го конзумира својот прв утрински оброк, под синото, со облаци прошарано охридско небо.

Изборот на храната разновиден, а Лила го одбра најдоброто за себе. Демонстрирајќи англиска култура, со вилушката и ножот прецизно го сечеше парчето од појадокот, додека зумот на објективот од камерата во панорамски кадар го регистрираше волшебниот танц лево-десно, на  она што беше сместено во длабокото деколте на водителката, завршувајќи во широк кадар на езерото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Ама, покрај вакавата панорама во движење и поглед на природните убавини на водителката, го виде ли воопшто некој езерото од прво гледање? Ама затоа виде како изгледа појадок со поглед на Лила… пардон, појадок со Лила со поглед на Охридското езеро!

Патем, водителката на „Се или нешто“ откри и една добро чувана тајна, која многумина до сега беа љубопитни да ја дознаат: „Кој е банкарот? Кој сето ова го плаќа? И тоа без камата!“

Еве, слушнете од самата Лила!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

To top