Откако имаше бурен развод, Агнеса Органџиева реши многу нешта во животот да промени од корен. Меѓу останатото и својот физички изглед. Внимавањето на исхраната и теретаната од „буцкастата“ госпоѓа, направија секси русокоса која може да се носи и со многу помладите, а некои од нив, можат само „вода да и носат“ кога е во прашање физичкиот изглед и сега речиси совршената линија на госпоѓица Органџиева.
Парадирањето по кафулињата и локалите во престолнината и појавата на разни настани, збиднувања и фенси места е речиси дел од секојдневието на Агнеса, која со своите последни појавувања покрај атрактивноста го привлече вниманието и ги фокусираше погледите на околината на себе со уште една работа која ја направи неодамна.
Имено, русокосата уште оддамна не крие дека ги сака тетоважите, а сега нејзината истенчена става ја краси нова… Или поточно три помалечки, една до друга и апсолутно идентични… Трите тазе тетовирани ѕвездички во пределот на стомакот, некаде над папокот, каде отсега блеска сиот нејзин свет.
Таа на својот профил на Инстаграм споделила видео од моментите додека се тетовира, а на патот до ѕвездите, Агнеса Органџиева мораше да ги откопча и спушти фармерките… И додека вештите раце на тату мајсторот го овекувачува нејзиното тело, во исцртувањето на ѕвездените моменти сексапилната русокоса позираше со раскопчани фармерки и крената маичка.
Шармантната русокоса сега има три нови ѕвезди распоредени рамномерно во линија на нејзината тенка половина.
Тату обележја кои го симболизираат сиот нејзин свет и смислата на нејзиното живеење, зашто во нивната симболика се кријата имињата на нејзините две ќерки Вивиен и Тифани, како и таа самата.
Нешто, што и претходно на извесен начин го имаше, само сега од раката го преслика и на телото.
Така покрај веќе постоечките тетоважа на раката, Агнеса сега има уште три нови ѕвездички на видливо место. Забележливи за секого во топлите месеци на престојното лето, а кога ќе застуди – само за избрани поединци… Кои пак имаат единствена прилика да видат и по некоја тетоважа плус… Зашто оние што ја „познааваат одблизу“, велат дека русокосата инфлуенсерка има тетовирано и едно мало срценце на скриено место, а кој знае… Можеби има и уште нешто таму некаде…!?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/agnesaorgandzieva