Сопругата на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ, манекенката Јован Швоња Ѓорѓевиќ (31) беше во центарот на вниманието на јавноста кога ноќта меѓу вторникот и средата околу 1.20 часот на патот Белград-Шид откако направи неколку сообраќајни прекршоци.
Инаку, Јована Швоња важи за една од најубавите Србинки, која патем е позната и по својот бурен живот кој неа навистина и „пишува романи“!
Живее на висока нога, но нејзиниот животен пат не миналл без од по трње.
Имено, во 2010 година медиумите пишуваа дека манекенката се обидела да си го одземе животот скокајќи од мостот Дуга во Нови Сад, а причината била расправија со тогашното момче. Таа подоцна го негираше тоа, велејќи дека тоа е несреќен случај, а не намерен чин, но… сомнежите сепак останаа.
Две години подоцна со другар отишла до изворот на термална вода кај Сремска Митровица. Бидејќи била невнимателна, таа се лизнала и паднала во изворот каде температурата на водата била 90 степени. Еден пријател брзо ја извлекол, но сепак 50 отсто од кожата и била изгорена, а косата и отпаднала. Таа помина три недели во Клиничкиот центар во Нови Сад, по што за среча, успешно закрепна.
Во април 2014 година започна врска со фудбалероот Филип Ѓорѓевиќ. После три месеци се верија, а на 10 ноември се венчаа. Таа набрзо заминала во Рим со сопругот, бидејќи тој игра за римскиот фудбалски клуб Лацио.
Јована ноќта меѓу 15 и 16 февруари годинава направила повеќе сообраќајни прекршоци, по што сега има проблеми и со законот. Полицијата во текот на ноќта на територијата на Нов Белград запрела автомобил БМВ, кој манекенката и модел го возела со брзина од 196 километри на час, на делот од патот на кој дозволената брзина е 80 километри на час.
Понатамошна контрола утврдила дека возачката дозвола и е истечена, а со неа во автомобилот се и двете деца на возраст од 4 и 6 години. Против неа ќе бидат поднесени неколку соодветни кривични пријави.
Фото: Инстаграм принтскрин/callmelolitalove