Радио Милева живот на работ...

На оваа позната балканска пејачка кариерата и потона во амбис: Од фолк ѕвезда до корисник на социјална помош?! (ФОТО)

На оваа позната балканска пејачка кариерата и потона во амбис: Од фолк ѕвезда до корисник на социјална помош?! (ФОТО)

Пејачката Селма Бајрами живее во Виена  долги години, а како што се пишува, нејзината финансиска состојба наводно во последно време била многу лоша.
Селма нема постојан приход во Австрија, па од минатата година наводно станала корисник на социјална помош што им се дава на самохраните родители во таа земја, пишува српски „Курир старс“.


Како што се наведува, сè додека не започна пандемијата на коронавирусот, пејачката повремено настапувала во Виена и околината, а понекогаш и во соседните земји, сепак, во последните месеци наводно живее само на социјална помош, поради што размислува да се врати во Босна и Херцеговина.


Изворот во споменатиот напис наведува дека Селма не се жали дека живее тешко, но дека за неа би било полесно во нејзината татковина. Патем, пејачката сè уште е во лоши односи со поранешниот сопруг Мујо, таткото на нејзиниот син.

„Не сум сигурен дали тој и дава алиментација, мислам – не, затоа што тие имаат заедничко старателство. Доколку оваа состојба со коронавирусот не се смири до крајот на летото, јас сум убеден дека Селма ќе се врати во Босна затоа што не може да опстане во Виена со толку мал месечен приход“ – тврди изворот, иако пејачката се’ уште не се огласила во оваа пригода.

To top