Откако е на сила вонредната состојба поради коронавирус, српската поп-sвездата Наташа Беквалац е во својот дом со своите ќерки и не ја напушта куќата без потреба.
Како што признава, цел ден е во пижами и премногу се опушти во секоја смисла, а дури денес сфати дека е крајно време да се „крене ручна“.
Пресвртот беше оној момет кога застана на вагата и сфати дека за кратко време покачила тежина.
– Значи, не знам после колку дена карантин, застанав на вагата затоа што за прв пат облеков фармерки (не излегов од пижамите). Се соочив со суровата реалност и фактот дека добив 7 килограми. Веднаш го повикав мојот спасител, ангел чувар, за помош. Станав роб – напиша Наташа со фотографија од здравиот оброк што го препорачал нејзиниот нутриционист.