Радио Милева

На МС Стојан голема трагедија му го променила животот: Ниту денес не го заборава тоа и се труди да им помогне на другите!

На МС Стојан голема трагедија му го променила животот: Ниту денес не го заборава тоа и се труди да им помогне на другите!

МС Стојан уште од раното детство сонувал да стане популарен и да создава музика.
Уште во основно училиште, тој ја напиша првата песна „VII 2 е мафија“, а по средното училиште се запиша на Економскиот факултет, што го направи еден од ретките пејачи што може да се пофали на факултетска диплома.

Додека тој денес заработува десетици илјади евра, кога ја започна својата музичка кариера, тој ги немаше финансиските ресурси, па позајмил 300 евра од неговите родители за да го сними првото видео.

– Никогаш не ја правам оваа работа за пари, туку за љубов. Популарноста и еврата штотуку почнаа да доаѓаат. Мислам дека тоа е тајната за успехот. Мојот најголем успех е што останав нормален и никогаш не „полетав“. Мислам дека затоа луѓето ме сакаат.

фото:инстаграм

Кога камерите се исклучени тој е нормално „маалско момче“, кое секогаш се обидува да им помогне на другите. Тој се осврна и на еден од најтешките моменти од животот – загубата на неговиот татко.

„Јас сум нормално момче кое ужива во животот. Сакм да им помагам на луѓето. Секогаш сакам да издвојам пари за оние на кои им треба.Слаб сум на болни, па често купувам лекови. Мојот татко со години се бореше со ракот, на крај ја изгубивме битката, открива МС Стојан за српските медиуми.

To top