Радио Милева

„На мојата мајка…“ Тони Михајловски за првпат и со повод ја покажа мајка си Благородна (фото)

„На мојата мајка…“ Тони Михајловски за првпат и со повод ја покажа мајка си Благородна (фото)

Нашиот познат актер Тони Михајловски кога има повод не се штеди на социјалните мрежи  да открие по некој детаљ од приватноста и неговите најсакани.

Овој пат, на својот профил за првпат ја покажа мајка си, а причината беше денот на мајките – Благовец,  наедно и нејзиниот именден.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Тони не пропушти да ја посети својата мајка Благородна на нејзиниот ден, а моментот да го овековечи и објави јавно.

фото:фејсбук/тонимихајловски

„На мојата мајка Благородна именден. Нека ти е вечно името Мајко“ – напиша во описот на фотографијата.

Објавата предизвика доста внимание кај пријателите и следебниците на актерот, а многумина на мама Благородна и посакаа вечно име и долг живот.

 

To top