Промотер

На младата Драгана Јовановска и се смешка блескава кариера со нејзината нова песна – „Камиказа“ (ВИДЕО)

На младата Драгана Јовановска и се смешка блескава кариера со нејзината нова песна – „Камиказа“ (ВИДЕО)

Многумина ја забележаа на едно регионално музичко натпрварување каде со своите вокални квалитети успеа да ги освои симпатиите на публиката, не само во Македонија, туку и во поранешните југословенски републики…

Тогаш беше навистина малечка (9), а многумина и прогнозираа блескава музичка кариера…

По се изгледа овие предвидувања од тогаш полека се остваруваат, а како и не би кога таа потекнува од музичко семејство. Младата кумановка е ќерка на познатата македонска фолк пејачка, Тања Јовановска Трајкова, која настапува заедно со својот сопруг Младен кој е исто така музичар и свири клавијатури.

Драгана Јовановска (16) денеска ја објави нејзината втора авторска песна.

Новиот проект на Драгана носи наслов „Камиказа“, а за истата таа со својот тим од соработници сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува Горан Симјановски.

„Целиот спот е сниман во прекрасните делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“ во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Јас лично сум многу задоволна од целиот проект кој заедно со многу луѓе кои се воедно и мој тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело“ – вели Јовановска.

Инаку на оваа песна работеа едни од најквалитените музички имиња во нашата земја, тоа е продуцентот Иле Спасев и познатиот рапер Тајзи.

Драгана не застанува тука, таа веќе работи на новите проекти и ветува во иднина многу нови песни, видеоспотови и големи проекти…

До тогаш уживајте во „Камиказа“ која можете да ја проследите од видеото во продолжение, а доколку ви се допаѓа лајкнете и споделете.

To top