Промотер

На Мето Ди Флеш никаде не му се брза – „Те чекам“ (ВИДЕО)

На Мето Ди Флеш никаде не му се брза – „Те чекам“ (ВИДЕО)

После позитивните критики за неговата прва песна “Да не е млако” од Мето Ди Флеш ни доаѓа втор сингл насловен како “Те чекам”. Нумера во модерен, динамичен, фанк стил.

Карактеристично за новата песна на Мето Ди Флеш, за која тој ги напиша музиката и текстот, е што соработува со повеќе музичари преку интернет од разни држави. Главното студио е во Струга, кај него, каде што покрај Мето Ди Флеш кој свири и гитара, пеат уште и Марија Мечкароска и Владимир Нестороски. Во Скопското студио на Стефан Петаноски, Ѓоле Максимовски свири бас, а пее Ана Петаноска. Во Американско студио, пак, саксофонистот Томи Леб снима брас секција, додека во Варшава, Полска, Зоран Кречо прави мастеринг на траката.

Видеото е во продукција на “Flash Production” од Струга и претставува „журка“ во охридскиот скејт парк која подоцна се префла низ охридските улици, каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски.

Мето Ди Флеш, е актуелен низ целата држава со неговите лајв караоке настапи по познатите кафулина и клубови. Се надева дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај неговата публика и најавува дека нема да застане тука и ќе се труди редовно да ги изненадува фановите со нов снимен материјал.

Видео промоцијата на новата песна на Мето Ди Флеш се случи деновиве на неговиот You tube канал, а таа во наредниот период ќе биде промовирана на неговите настапи во живо.

To top