Пејачката и текстописец Леонтина Вукомановиќ доживеала сообраќајна несреќа и наводно и се запалил автомобилот.
Имено, како што пишува „Република“, Леонтина во утринските часови отишла на белградскиот настан каде требало да биде еден од почесните гости, но нејзиниот автомобил се запалил на сред пат.
– Извинете, не сум во состојба да разговарам – истакнала Леонтина кратко по несреќата што и се случила.
Да потсетиме, Леонтина неодамна во интервју за „Блиц“ изјави дека деценија и пол не купила нов автомобил и дека би сакала сама да си го обезбеди.
– Сакам да купам нов автомобил после 15 години. Било кој, што може да ме пренесе, мене, дете, куче, мачка и зајак. Не стигнав да барам, го посакувам, но не сум се потрудила за тоа. Цените пораснаа, па тоа е она што ме спречува – изјави пејачката.
Инаку, Леонтина Вукомановиќ последниве години се повлече од јавната сцена и се посвети на работата со деца.
Фото: Принтскрин/Блиц.рс/ТВ Пинк
–