Радио Милева истовремено среќна, но и тажна

На Карлеуша ѝ пристигна подарок кој ѝ го скрши срцето (ФОТО)

На Карлеуша ѝ пристигна подарок кој ѝ го скрши срцето (ФОТО)

Меѓу бројните подароци кои ги доби, пејачката покажа и еден кој за неа има посебна вредност.

Јелена Карлеуша доби подарок кој многу ја израдува, но истовремено и ја растажи.

Имено, пејачката на својот Инстаграм профил објави видео на кое ја покажа сликата која ја добила, а на сликата во златната рамка се таа и нејзината мајка Дивна.

Познато е колку Јелена беше приврзана за нејзината покојна мајка Дивна, а овој новогодишен подарок кај неа предизвика многу емоции, а доказ за тоа е емотиконот на скршено срце во описот на видеото.

Јелена ја додаде песната „Bila je tako lijepa“, чии стихови со оваа сцена растажија многумина.

Да потсетиме, Дивна Карлеуша почина на 03.03.2019 година, по долга борба со злобната болест.

To top