Промотер

На Иво му треба само еден – „Дел“ (ВИДЕО)

На Иво му треба само еден – „Дел“ (ВИДЕО)

Познатиот звук кој го носи издавачката продукциска куќа Урбан Рекордс е повеќе од добро прифатен помеѓу младите, не само кај нас туку и во соседна Бугарија и Србија. Урбаните дечки кои оставаат се поголем белег на македонската музичка сцена во хип-хоп, рнб, трап и регетон културата, од овој момент стануваат побогати со уште еден млад и талентиран артист. Станува збор за дваесет годишниот Иван Атанасов – Иво.

Иво кој предходно бил ДЈ, го сними неговиот прв сингл во трап стил заедно со видеото насловен како “Дел”, кој е дело на музичкиот продуцент Flexin3D, додека  спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – GodEye Production, видео продукцијата на Урбан Рекордс.

Спотот се снимал на доста интересна локација во каменолом, налик на пустина со возедње крос мотори низ него. Официјалната промоција на “Дел”,  беше на 18-ти август на YouТube каналот на Урбан Рекордс, а сега можете да го погледнете и вие.

To top