Медијската ѕвезда Опра Винфри на големиот семеен празник „Денот на благодарност“ наместо да ужива во веселба се соочи со загуба на драга личност.
Имено, почина мајката на Опра. Вернита Ли е родена во мај 1935 година. Покрај Опра имала уште три деца од кои две починаа пред неколку години.
Опра на својот „Инстаграм“ објави семејна фотографија и им се заблагодари на своите следебеници за искажаното сочуство.
„На нашето семејство голема утеха е што знаеме дека имаше убав живот и дека сега е во мир“ напиша Винфри.