Радио Милева осамена славеничка

На Емилија Розман никој не и дојде на роденден, ама таа сепак го славеше… во изолација! (ФОТО)

На Емилија Розман никој не и дојде на роденден, ама таа сепак го славеше… во изолација!  (ФОТО)

Карантинот и изолацијата се единсттвените нешта што можат да не спасат и заштитат од коронавирусот. Друго чаре засега – нема. За жал, „осаменичкиот живот“ не е  најсреќно решение за многу други  работи, ама што да се прави… Кога се мора – не е тешко да се издржи, иако има такви моменти, кои воопшто не се погодни да си сам. Меѓу останатото и моменти на радост, кои треба да ги споделиш со најблиските, најдрагите и најмилите, а тие не се тука покрај тебе, до тебе, со тебе… Освен во мислите… и на социјалните мрежи!

Така македонската манекенка, топ модел и мисица Емилија Розман се најде затечена. Среде корона кризата, среде карантин во изолација да го слави „денот што го чекаме, цела година“ – својот роденден. До душа не сосема сама, зашто друштво и правел нејзиниот помераниан, нејзиното слатко кученце, но… и уште некој. Оној, кој ги направил фотографиите.

„Хари Потер“ торта, свеќички со бројка, прскалки, балони, букет цвеќе… ама, за жал, нема гости. Честитките стигна по средствата за комуникација: мобилниот, компјутерот и социјалните мрежи.

Госпоѓица „Розмантична“ онака симпатична, сепак насмеана и среќна, ама и шегобијна на своја сметка, сподели ваква порака на својот Инстаграм, за „најјакиот“ роденден до сега во нејзиниот живот:

„Ова ми беше најјакиот роденден до сега. Немаш гости, не подготвуваш ништо… Низ прозорец ми честитаат и уфрлаат подароци на терасата од која јас ги поздравувам и им мафтам како Тито. А, подароците врв: маска, ракавици, цигари, бела чоколада, шеќер – 2 кг, тоалетна хартија 10 ролни – трослојни, нескафе…“.

Како и да е, тоа е тоа, иако… „не е тоа тоа“. Сепак, роденден си е роденден и треба да се одбележи, па Емилија тоа и го направи, сонувајќи дека веќе следниот ќе и биде многу поубав, повесел, подруштвен и позабавен.  А, „соништата се илустрации … од книгата што ја пишува вашата душа за вас“.

 

 

To top