Радио Милева Пријавете!

На Елена „Живот со стил“ не и се верува што ја снајде: „Срамота е ова!“ (фото)

На Елена „Живот со стил“ не и се верува што ја снајде: „Срамота е ова!“ (фото)

ТВ водителката и инфлуенрерка Елена Стафановска доживеа непријатност каква не се надеваше дека ќе ја снајде.

Имено, нејзиниот идентитет преку фотографија е злоупотребен со користење на лична фотографија за профилна на лажен Инстаграм профил.

Елена е ужасната од тоа што го виде на социјалната мрежа, па дури не и се веруваше дека се уште некој прави вакви профили со скриен идентитет преку ликот на некој друг.

За да се реагира брзо, Елена го означи името на оној што се решил на ваков потег, а со црвено означи и сугерираше на своите следбеници да го пријават профилот каде стои нејзиниот лик, а таа не стои зад тоа.

-Како јавна личност внимавам како се изразувам и настапувам во вакви ситуации. Ама вистина луѓе, уште се занимавате со вакви работи? истиот што го отворил не разбира дека сум на телевизија повеќе од 15 години и луѓето ме знаат?! Срамота е ова!- пишува Елена во објавата.

Инаку, голме дел од јавните личности досега биле злоупотребени на ваков начин, па не е реткост да видиме нивни реакции како оваа во случајов.

фото:Инстаграм принтскрин/Елена Најдоски

To top