Македонската водителка на „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска е еден од поактивните корисници на социјалните мрежи, па често ги известува фановите за нејзините нови активности како на професионално, така и на приватно поле.
Овој пат таа беше ангажирана за еден нов проект благодарение на кој и се исполни сонот.
Имено, Стојановска учестува во кампањата за паркинг места за мајки со дечиња.

А токму за таа прилика, за потребите на кампањата се појави со едно момче кое во рекламата глуми нејзин син, а како што истакна таа и се исполнил сонот да има син барем пред камери.

„Ми се исполни желбата да имам и син, макар само пред камери. Со овај мал шеќерко Матео сме заедно во новата кампања за паркинг места на мајки со дечиња. Ви благодарам за преубавото искуство“, напиша водителката во описот на неколкуте фотографии од кампањата.

Инаку, Елена е од нејзиниот брак ја има ќерката Илина, а дали ќе и приватно ќе и се исполни желбата да добие наследник, ќе покаже нашиот најдобар сојузник – времето.