Ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ е активна на социјалните мрежи и секојдневно ги информира своите следбеници за тоа што и се случува во животот, а често ги почестува и со провокативни фотографии.
Постарата наследничка на пејачот неодамна сподели на Инстаграм дека итно морала да посети пластичен хирург бидејќи, како што истакнала, „филерот почнал да мигрира во нејзините усни“.
Деновиве се шпекулираше за сите естетски интервенции кои инфлуенсерката си ги направила на себе.
Досега Џиновиќ ставила 3 милилитри хијалурон за да и изгледаат поубави и пополни усните, а бидејќи имала проблем со вишокот килограми, каде редовниот тренинг и поздравата исхрана не помогнале, направила „вдлабнување на колковите“.
Проблемот со колковите го „отстранила“ со вбризгување на одреден кубен волумен на хијалуронски филери во колковите за да го добие ефектот на Ким Кардашијан. Се зорува дека младата инфлуенсерка го корегирала и носот, бидејќи сликите од порано и сликите од сега се сосема различни, а судејќи по коментарите изгледа дека вградила и силикон, но Џина за тоа сѐ уште не потврдила.
– Бев како топка, Џина од пред две години и сега се сосема две потполно различни личности. Ја корегирав исхраната и сакам да лажам дека вежбам, иако тоа ретко го правам, но ова се некои работи кои ги споделувам со моите следбеници. Да речеме дека јас имав катастрофални проблеми со лицето, вложив многу труд за да биде како што е денес. Ме фати пубертетот, меѓу другото, па се обидувам да им објаснам на девојките дека мозолчињата се нормална работа – изјавила Џина при гостувањето во една емисија, а пренесува „Блиц“.
Џина сега важи за една од најубавите ќерки на јавните личности, а тоа го докажува со секоја нова објава на нејзините профили на социјалните мрежи.
A pогледнете na видеото како изгледаше Џина од пред две години:
Фото: Принтскрин/Instagram/djinadzinovic/Youtube/Praktičnažena