Речиси да нема настан кој се случува во земјава, а да не го води атрактивната ТВ водителка Марјана Станојковска.
Особено неприкосновена е на музичките фестивали, а бидејќи изминатиот викенд се случуваше 34-то издание на „Макфест“, Марјана три вечери беше задолжена како домаќинка на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.
Арно ама Марјанче не можеше да се клонира и истовремено да биде на две места, одосно во исто време да води во живо пред камерите од Скопје и од Штип.
Како што им е добро познато на сите, особено на играчите на Лото 7 на Државна Лотарија на Македонија, Марјана секоја сабота е онаа која ги води низ играта и ги соопштува среќните броеви.
Кога Стојановска е презафатена, тогаш мора да и се најде замена, а овој пат таа улога и припадна за првпат на нејзината колешка Милена Антовска-Станковска, која со своето долгодогишно искуство на телевизија, одлично се снајде како заменска водителка, секако само додека колешката не се ослободи.
Облечена во тесен зелен фустан со впечатлив карнер, Милена блескаше пред камера, а по објавената фотографија на Инстграм и порачаа дека и оваа водителска позиција одлично и лежи.