Прилепско-струмичкото дуо „Дисконектед“во кое членуваат диџеите Марио Еди и Маршал, го претстави својот нов проект насловен „Money On My Mind“, во кој гостува колегата Монарк Супремо.
Во видеото чија режија ја потпишува Филип Пашоски, гостува моделот Антонела Димова, а за испишувањето на стиховите во истото се погрижи Никола Китаноски.
Темата „Money On My Mind“ е поддржана од „Лолипоп ентертејнмент груп“, а истата можете да ја преслушате и погледнете видеото за неа во продолжение.