И овој 8-ми септември, Македонија го дочека славенички… 29 години од осамостојувањето и стекнувањето независност, минати низ многу премрежја препреки и тешкотии, низ кои се’ уште минува заедно со својот народ. Од транзиции, преку непринципелни политички коалиции, кризи, криминал, корупција, борба за меѓународно признавање на сопствениот идентитет и своето вистинско име… Борбата е долга, тешка и допрва претстои, но правдината на крајот секогаш победува!
Празникот празнично го дочекаа сите оние што оваа земја ја чувствуваат за своја родина, но дел од македонската естрада имаше причина и за двојно славје: Татковинско и лично!
Имено, младиот македонски поп пејач и „Гранд ѕвезда“ Огнен Здравковски и една од најреномираните македонска фолк пејачки Ирена Спасовска на празникот славеа роденден!
Откако го прележа коронавирусот, Огнен одново се подготвува да се врати на сцената. Роденденот му дојде како мотив повеќе славенички да ја започне неделата во која се подготвува и за својхот прв настап по карантинот и изолацијата.
А роденденот не би бил „денот што го чекаме, цела година“ без куп честитки и славеничка торта. Оваа, неговата, разбирливо беше – „нотна“. Со петолиние, ноти и микрофон наместо јаготка на шлагот!
Честитките не изостанаа, а од многубројните покрај оние на мама, тато, семејството, другарите, пријателите и колегите, најсилна и највпечатлива, онаа сестринската што Огнен ја доби од неговата исто така музикална сестра Оле.
„ТЕ САКАААААМ !!!!! Уникатен моој !! Нека те облее целата среќа на овој свет, да бидеш најсреќен, исполнет со многу љубов, здравје и се% друго што заслужуваш !!! Да бидеме секогаш вака среќни заедно и никој да не не раздели !!! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БРАТ!!!“ – е пораката со која сетрата му го честиташе роденденот на својот брат, кој пак заблагодарувајќи и се и не неа и на сите останати , ги покани на својот прв постпандемиски настап претстојниот викенд.
Македонската фолкерка Ирена Спасовска исто така за сза време на празникот славеше роденден. На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат многу други нешта, кои Ирена ги практикува живеејќи ја својата „втора или трета младост“.
Таа за роденденот исто така доби дузина честитки, иако не се пофали со роденденска торта. Не барем јавно! Ама затоа јавно, „роденденски“ со селфи го обзнани своето ново животно мото.
„Ќе стареам како што сакам, ќе подмладувам колку што можам. Денес е мојот ден, денес ми е РОДЕНДЕН“ – славенички напиша русокосата на својот ФБ профил. Во остварувањето на сопствените желби, Ирена не е далеку од вистината. Впрочем, бујната фоклкерка веќе од(не)оддамна така и живее… По свое!
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/irena-spasovska-dozivuva-treta-mladost-arapska-vecher-a-pod-shator-i-prirodno-bujni-balkanski-gradi-na-plaza-foto/
Во меѓувреме, пејачката по корона паузата полека им се враќа на настапите, а овој викенд, 11 септември, 2020 год. е резервиран за еден фестивалски, на фолк вечерта пна рестојниот „Охрид фест – Охридски трубадури 2020“.