Радио Милева душа на тато...

На Дарко Лазиќ адреналинот му е во крвта: Еве што го учи да прави неговиот син од мали нозе (ФОТО)

На Дарко Лазиќ адреналинот му е во крвта: Еве што го учи да прави неговиот син од мали нозе (ФОТО)

Иако се раздели и од втората сопруга Марина, Дарко Лазиќ остана во коректни односи со неа, па ги дели и должностите околу синот Алексеј со кого често се гледа, иако судски старателството го доби мајката на малечкиот.

Малиот наследник моментално престојува кај Лазиќ, кој денеска сподели емотивно видео на својот Инстаграм профил.

Имено, Дарко го научил Алексеј како да вози електричен мотоцикл наменет за децата на негова возраст.

„Душа на тато“ – напишал кусо Лазиќ во описот на објавеното видео.

И можеби нема ништо лошо во тоа малечкиот уште отсега да се навикне на брзината, особено ако и нему адреналинот му е во крвта како на неговиот татко. Освен, кога ќе дојде време ако не му биде и алкохолот…

„Убиствена комбинација“ која Дарко Лазиќ во неколку наврати „за влакно“ ќе го отераша во смрт!

Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial

 

 

To top