Дара Бубамара е позната како пејачка која не се штеди на сцената. Својата публика на концертите ја забавува не само со своите хитови, туку и со своето послободно однесување.
Таа ја изведуваше својата песна „Carrera“ кога реши да се фрли на подот и да изведе жежок танц додека машките вокали ја пеат „секси мама“.
Откако видела дека ѓаволот може да поднесе шега и дека нејзината предница може да заврши пред бројни телефонски камери, Дара за време на пеењето замолила една девојка да и помогне и да ја затегне кај корсетот, за да нема непријатна ситуација.
Кога се уверила дека се’ е на свое место, Бубамара продолжила да ги забавува гостите во клубот каде немало каде да се фрли игла.
Да потсетиме, Дара неодамна призна дека во текот на кариерата заработила милиони и дека сето тоа го потрошила.
– Заработив милиони и сето тоа го потрошив! Никогаш не сум зажалила за пари, многу работам и имам право да трошам на патувања и облека. Сакам скапи работи, кога одам во шопинг трошам неколку илјади евра – изјавила за медиумите, а потоа открила што сака за себе во новата година:
– Во 2023 година посакувам само здравје. Лесно е за пари – изјавила пејачката.
фото:Инстаграм принтскрин