Пејачката и учесник на претходната сезона на реалното шоу на „Пинк“, Анабела Атијас, наводно влегува во „Задруга 4“.
Минатата сезона пејачката живееше пред камери со својата ќерка Луна Ѓогани, идниот зет Марко Миљковиќ и поранешниот сопруг Гаги Ѓогани, и овој пат сака да се испроба сама, пишува српски „Информер“.
– Анабела треба да се приклучи на „Задруга“ на почетокот на следната година. Таа беше во разговор со водечките луѓе на „Пинк“ и и понудија одлични услови и хонорар, останува само да го потпише договорот. Во моментов владее корона, никој нема работа, па парите ќе и се најдат – вели добро информиран извор.
View this post on Instagram
Според овие наводи, пејачката има друга цел – да покаже каква е кога во ријалити кога не е со своето семејство. Таа влезе во последната „Задруга“ само затоа што беше разочарана од нејзината најстара ќерка, па смета дека не се покажала на најдобар начин.
– Ја повреди кога Луна изјави дека бегала од неа со учество во шоуто, но и дека се криела за да се смири со Марко.
Минатата година, Анабела се приклучи на „Задруга 3“ во март и остана до финалето, каде го освои четвртото место.