Влечките на Цеца Ражнатовиќ се моден хит на сезоната. Удобни, секојдневни обувки дефинитивно ќе го одбележат летото што претстои, а ниту една од најголемите регионални ѕвезди не одолеа на овој тренд.
Цеца Ражнатовиќ избра да патува во влечки од луксузен бренд, а на многумина ќе им се сврти од цената.
Имено, пејачката платила 1000 евра за влечки со кои многумина би ги носеле на плажа, но таа избрала да ги носи како водечки моден детаљ.
Станува збор за бели влечки, кои покрај тоа што се удобни, имаат и неверојатна моќ да се вклопат во секој аутфит, од лежерниот, па и до некое елегантно дневно издание како ова на Цеца. Сепак, станува збор за работа на вкус.
Многу дами, покрај Цеца, летово го следеа трендот на носење влечки во разни комбинации.
фото:Иван Вучиќевиќ/Скандал/Инстаграм принтскрин Цеца