Мегафон

На Борко Ристовски му е роденден… Еве како му го честиташе неговата сакана Нина (ФОТО)

На Борко Ристовски му е роденден… Еве како му го честиташе неговата сакана Нина (ФОТО)

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски денес, 2 -ри ноември слави роденден. Меѓу бројните честитки кои пристигнаа на адреса на „министерот за одбрана“, веројатно најмилата и најдрага е онаа од неговата сакана Николина.

Убавата кумановка врската со нашиот ракометен репрезентативец ја круниса со бременост, па откако тоа Борко и Нина и јавно го обзнанија, таа почна и јавно или да го покажува трудничкото стомаче, постирајќи фотографии на социјалните мрежи.

Арно ама, денес, на нејзиниот Фејсбук профил сепак не беше нејзината бременост и нивното „baby boy on the road“ во прв план. Имено Нина со дбрани зборови на идниот татко на нејзиното дете, му го честиташе роденденот.

„Среќен роденден на личноста која најмногу ја сакам на овој свет ❣???? Тој е најдобрата личност што некогаш сум ја сретнала и благодарна сум на сето она низ што минуваме“ – напиша Нина во својот роденденски статус покрај фотографијата на која се со „нејзиниот човек“ – нашиот Борко.

Роденденската честитка искажана на социјалните мрежи веројатно не е единсственото нешто што убавата Николина ќе му го подари на Борко за неговиот роденден. Каков ќе биде подарокот – само таа знае. Но сепак, вистинскиот подарок и од не и од Бога, допрва следи! Денес „министерот за одбрана“ слави роденден, а наскоро ќе го слави и татковството на своето прво чедо!

To top