Промотер

На Боби Павловски на срце му лежи една – „Стара рана“ (ВИДЕО)

На Боби Павловски на срце му лежи една – „Стара рана“ (ВИДЕО)

„Стара рана“ е насловот на најновата песна во изведба на  пејачот Боби Павловски. Станува збор за побрза композиција, спакувана во стилот на 80-те години и интересно е дека таа својата официјална промоција ја има на истиот датум како и нумерата „Поносан“.

„Музиката, текстот и аранжманот се на Милан Раѓен мојот веќе проверен соработник кога станува збор за аранжманите на нумерите снимени на српски јазик и, исто така, комплетен автор на „Поносан“ која излезе на истиов ден, пред точно една година. Навистина убава коинциденција и искрено се надевам дека реакциите на публиката и за оваа тема ќе бидат исто толку позитивни“- вели Боби, кој со оваа песна полека го затвора албумот што би требало да биде комплетиран до крајот на летото.

„Стара рана“ инаку доаѓа по одличните „Тамо негде“, „Заблуда“, „Калдрма“, „Самица“, „Поносан“, „Не оклевај“, и и овој пат видеото е со потписот на Tropical Lifeisfun. Кадрите се снимени во Белград, под режисерската палка на Љуба Радојевиќ.

„Презадоволен сум од финалниот производ и искрено верувам дека и „Стара рана“ ќе ѝ се допадне на мојата публика. Едвај чекам да ја отсвирам и отпеам во живо и да ги видам реакциите“, вели Павловски и додава дека септември е месецот кога на својата публика ќе ѝ ја претстави последната песна од албумот снимен на српски јазик.

Додека Боби да ја заокружи својата музичка приказна наречена албум, уживајте во „Стара рана“.

To top