На пејачката Ана Николиќ и е наредено дека мора итно да ослаби и да го промени начинот на живот, бидејќи сериозно е загрозено нејзиното здравје.
Пејачката може сериозно да заболи од дијабетес доколку не поведе сметка за своите килограми. Ана во бременоста се здебели повеќе од 35 килограми, па сега има висок крвен притисок и шеќер и мора да оди редовно на контроли.
Поради тоа пејачката и тазе мама е на строга диета, за да избегне посериозни здравствени проблеми.
-Навистина и е многу тешко, но се труди. Има многу обврски околу ќерката Тара, па не мисли многу на храната, но Раста е тука да ја критикува, открива близок извор за српски Курир.