Во седмата деценија изгледот на Ана Бекута се држи одлично. Пејачката веќе некое време е на диета поради што секој ден изгледа се подобро.
Откако ја доведе линијата до посакуваното, Ана станува се похрабра при изборот на модни комбинации, па затоа комплиментите не престануваат да доаѓаат на нејзина сметка.
Сепак, иако изгледот на Ана Бекута се почесто се коментира со суперлатив, особено изненади фотографијата што ја објави пред извесно време на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Имено, пејачката на мрежите објави фотографија во костим за капење, во текот на денот што го помина на базен во спа. Во преден план беа нејзините витки нозе кои ги испружи до водата.
Иако не сакаше да ја покаже целата фигура, оваа фотографија е показател дека Ана одлично се чувствува во своја кожа, што го почувствуваа и следбениците кои ја почестија пејачката со низа коментари.
фото: Inastagram printscreen/ anabekuta1