Радио Милева

На Ана Бекута и е преку глава од короната и лошите вести: Пејачката со молба до своите фанови

На Ана Бекута и е преку глава од короната и лошите вести: Пејачката со молба до своите фанови

Ана Бекута се огласи на својот „Инстаграм“ велејќи дека одамна не слушнала убава вест.

Пејачката во својот емотивен статус се прашува кога ќе се вратат времињата кога сите пееја, се гушкаа, бакнуваа.

„Најдрага моја Србијо, кога повторно ќе пееме? Кога ќе се гушкаме и бакнуваме? Кога за ова време ќе зборуваме со анегдоти? Секој ден на илјади заразени, стотини на респиатори, се воведуваат нови мерки. Како со денови да не сум слушнала убави вести“, напиша Бекута и додаде:

„Дајте ми убава вест. Дали некој доби дете? Добар резултат од болница? Некој да го положил возичкиот испит? Некој да се заљубил? Пишете ми убави вести во коментар, ајде да се радуваме на нешто“, напиша пејачката.

Еве ја нејзината објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

To top