Еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, „Deep Purple“, ќе одржи голем концерт на 28-ми мај 2022 година на стадионот на АРМ во Скопје.
Актуелната долгогодишна петорка: Ian Gillan, Ian Paice, Roger Glover, Steve Morse и Don Airey, плени прво со својата потентност (четири студиски албуми во последните десет години), а потоа и со непрекинатото одржување на турнеи низ сите континенти, за кои критиката е едногласна дека „како времето проаѓа, така овие луѓе се` подобро и подобро свират во живо!?”
Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, но и тоа што бендот го работи во моментов, цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, на 23.02.2022 година низ продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk!