Мегафон

На 24-ти август: Фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола

На 24-ти август: Фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола

На 24-ти август ќе се одржи првото издание на македонскиот фестивал на староградска музика „Ех, таа серенада” во Битола. Културниот и информативен центар во Битола е општинска установа од културата која повторно ја возобновува музичката традиција на серенадата, карактеристична за овој град.

Фестивалот ќе се оддржи на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, кој што воедно и организатор на оваа манифестација. Во една фестивалска вечер ќе бидат изведени 16 авторски композиции, а ќе настапат исто толку познати изведувачи. За големиот интерес и квалитет на манифестацијата зборува и големиот број на пријавени автори (преку седумдесетина), од кои се селектирани најсоодветните за овој музички жанр. Со особено задоволство ги најавуваме музичките имиња како; Ламбе Алабаковски, Катерина Таневска, Перо Христов, Елене Георгиева, Драган Мијалковски, Сефедин Бајрамов, Мишко Крстевски, Димитар Андоновски, „Трио Џентлемен” и многу други.

To top