Промотер

На „2 Бона“ и Криско не им треба фина, за да шетаат ко… – „Горила“ (ВИДЕО)

На „2 Бона“ и Криско не им треба фина, за да шетаат ко… – „Горила“  (ВИДЕО)

Најновата песна  на македонските рапери Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито,  попознати како „2 Бона“ е снимена во дует со бугарската музичка ѕвезда  Криско и се вика „Горила“. Автор на провокативното видео е Огнен Шапковски.

„Очекуваме балкански успех со Горила“, ќе изјави Антонио Стојановски за бугарските медиуми. Премиерата на песната и видеоспотот се случи пред неколку дена на Јутјуб.


Во моментов „2 Бона“ се едни од најпопуларните млади уметници во Македонија. За помалку од шест месеци, тие имаат стекнато бројни обожаватели.

Кун и Тонито се етаблираа не само како изведувачи, туку и како продуценти. Тие се автори на сите нивни дела. Покрај тоа, снимија и неколку балкански дуети, меѓу кои и големиот хит „Коломбиана“ со Елена Катиќ. Нивните видеа на Јутјуб достигнуваат огромен број на  прегледи за помалку од една година. Сите нивни песни се рангирани на првото место на рангот на „Трендинг“ на Јутјуб.

И „Горила“ изобилува со еротски набој и секси кадри, преку голотија во кафез и танц на шипка… А и стиховите се приказна за себе: „Мене не ми треба фина, ми треба лоша да сме фирма“… Погледнете и преслушајте:

To top