Радио Милева

Мустафа Сандал за роденденот ја израдувал Емина Јаховиќ со подарок од 45 000 евра

Мустафа Сандал за роденденот ја израдувал Емина Јаховиќ со подарок од 45 000 евра

Откако пред некое време во медиумите се појави вест дека Емина Јаховиќ се смирила со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, таа ги демантираше овие пишувања.

„Ние сме неразделни бидејќи имаме неверојатни момчиња. Ние сме најдобри пријатели и во добро и во лошо. Но, не сме заедно како партнери. И немаме намера“, напиша Јаховиќ неодамна на „Инстаграм“.

Меѓутоа, Емина неодамна го прослави својот 38 роденден, а нејзиниот поранешен сопруг одлучил да ја израдува со подарок вреден 45 000евра, пишуваат српските медиуми.

фото: драган кадиќ

„Емина се изненади кога виде дека и купил „ролекс“. Му падна во прегратки и почна да го бакнува пред сите. Го праша колку го платил подарокот, а тој дури на крајот попушти и откри дека го платил 45 000 евра“ вели извор.

Меѓутоа, тука не е крај на изненадувања.

„Се пофали дека ќе ги води на луксузно патување во Швајцарија и дека веќе резервирал апартман во еден од најлуксузните хотели на Алпите“ додава изворот,.

За потсетување, Емина и Мустафа од бракот имаа два сина.

To top