Турскиот пејач Мустафа Сандал (51), поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, веќе подолго време е во врска со избраничката Мелис Сутсуруп, покрај која ја најде среќата по разводот со српската пејачка. Сепак, дури сега за прв пат ја сподели нивната заедничка фотографија.
Мустафа и Мелис беа видени заедно за прв пат во мај 2019 година, а турските медиуми пишуваа за снимките и фотографиите на кои пејачот и неговата нова девојка се држат за раце.
Како што тогаш беше објавено во локалните медиуми, Мелис е 20 години помлада од Мустафа и е претприемач, таа е сопственик на моден бутик во Истанбул.
View this post on Instagram
Таа има син од претходниот брак, додека Сандал од бракот со Емина Јаховиќ има двајца наследници – Јаман и Јавуз.
Досега, Мустафа не споделуваше моменти на социјалните мрежи со атрактивната русокоса која му го украде срцето, но сега тоа го стори, како што можете да видите.
View this post on Instagram
– Мустафа и јас сме само пријатели, тој повеќе не е мојот сопруг, затоа не ми пречи со кого беше фотографиран – изјави Емина Јаховиќ во 2019 година, откако нејзиниот поранешен сопруг беше виден за прв пат со новата партнерка.
Да потсетиме, Емина и Мустафа го објавија разводот во февруари 2018 година, по 10 години брак.