Радио Милева

Мустафа и Емина се огласија јавно за разводот: По судот имаа да го кажат ова…

Мустафа и Емина се огласија јавно за разводот: По судот имаа да го кажат ова…

Емина Јаховиќ вчера во Истанбул и официјално стави точка на една деценија долгиот брак со турскиот пејач Мустафа Сандал.

Во март годинава како бомба одекна веста дека решија да се разведат поради недостаток на емоции, но тоа не значи дека нема да останат пријатели и дека меѓусебната почит исчезнала.

Разводот е мала смрт, а оној кој вели дека лесно минал низ разводот – не ја кажува вистината, кажа Емина за магазинот „Hello“.

По повод крајот на бракот и судски, Емина и Мустафа се огласија со заедничко соопштение:

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on


-Почитувани, од денес поради нашите деца Јаман и Јавуз овој крај на бракот нема да биде и крај на нашето пријателство и заедништво. Почитувањето е она што и понатаму го негуваме еден кон друг и тоа така ќе продолжи. Истото разбирање го очекуваме и од вас, новинарите и јавното мислење… поради нашите деца испочитувајте  ја оваа одлука и на ова нека се заврши. Благодараме многу, стои во соопштението.

To top