Радио Милева

Му пукна душата по Боки 13: Сергеј со утешителна роденденска порака – „Сè проаѓа“

Му пукна душата по Боки 13: Сергеј со утешителна роденденска порака – „Сè проаѓа“

Боки 13 вчера наполни 33 години, а роденденот наместо со луксузна забава како некогаш, го дочека во затвор.

Неговиот пријател, модниот критичар Сергеј Варошлија кој остана без својата емисија „Мода“, а и без својот газда и другар, за првпат по аферата „Рекет“ и апсењето на Боки,  се огласи на социјалните мрежи, а поводот беше роденденот и тоа колку му недостига.

Неговиот статус кој осамна на Инстаграм и Фејсбук беше преполн со излив на емоции, разочарување, тага…

-Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка… Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака! Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше што, како зошто… заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се! Но не за џабе викаат „човек на човек му е огледало!“ Среќен роденден драг мој Бојан! Како вика онаа народната „се проаѓа“ битно да си ми жив и здрав! П.с благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија – пишаа во овој период, вие знаете кои сте! На овој пост нема да толерирам негативни коментари на мојот профил!, заврши Сергеј во своето обраќање.

Сепак, коментарите кои Сергеј не ги посакуваше, беше невозможно да не се појават и да не му ја „пукнат душата“!

To top