Наскоро започнув новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а веќе на големо се зборува за новите правила. Летово се шпекулираше дека пејачот Аца Лукас нема да биде дел од жирито.
На состанокот кој се одржа пред неколку дена, пристигнаа речиси сите членови на жирито, освен Аца Лукас и Драган Стојковиќ Босанац.
По состанокот, Марија откри нови детали за музичкото шоу чии снимања започнуваат во понеделник.
„Оваа сезона му поставив услови и барања на Саша и многу ми е драго што не беше глув за нив. Да не ги прифатеше ќе размислев дали повторно ќе сендам во жирито. Ми здосади да слушам кавги. На кого му е интересно да се караат Јелена и Вики. Сите сакаме да ги вратиме „Ѕвезидте на Гранд“ на вистински пат и да биде музичко шоу. Оваа година слоганот треба да биде: Е сега малку тие, а секако ние како жири ќе им дадеме совети, изјави Марија.