Пејачката кариерата ја започна во бенд кој беше мегапопуларен во деведесеттите, а сега е една од најпознатите дами од поп музиката.
Сите ја знаат како атрактивна русокоса која го кажува своето мислење без влакна на јазикот, а на почетокот била црнка и никој не ја препознавал.
„Како бенд бевме, некако, секој на своја страна. Веќе не функционираше. Знаеш кога, човече, никој не разговарал со никого. Само се среќаваме на сцена и се гледамве за настапи. Тоа веќе не ми се допаѓаше“ – изјавила пејачката еднаш кога ја започнала својата соло кариера.
„Дојдов до втора година на Земјоделски факултет и имав одлични оценки. Си реков или ќе се вработам во некој бутик, или ќе учам за да завршам факултет. Веќе не функционираше така. Воопшто немав поим дека ќе продолжам соло да се занимавам со музика. Навистина. Бев одличен ученик. Можев да направам сè, но премногу го сакам ова“ – рекла таа еднаш.
Ако се’ уште не можете да препознаете за кого се работи, во прашање е пејачката Гоца Тржан, која беше сосема поинаква кога се појави на јавната сцена. Инаку, нејзиниот љубовен живот често е под будното око на јавноста.
Пејачката се омажи и доби дете со Иван Маринковиќ од кој се разведе и не останаа во добри односи. Среќата ја најде крај тапанарот Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа и се’ уште се заедно.
Фото: YouTube prinscreen/ Инстаграм/gocatrzan