Радио Милева

„Можеби е грозно вака што зборувам“: Цеца Ражнатовиќ откри дека го прави она што повеќето јавни личности би го сокриле!

„Можеби е грозно вака што зборувам“: Цеца Ражнатовиќ откри дека го прави она што повеќето јавни личности би го сокриле!

Во најновото издание на српскиот магазин Вип свое интервју има популарната Цеца Ражнатовиќ.

Меѓу многуте детали кои ги откри за приватноста и 30 годишната музичка кариера, Цеца проговори и за реалните шоуа.

Ако повеќето нејзини колеги би сокриеле дека слободното време го трошат за гледање „Задруга“, „Парови“ „Фарма“… Цеца тоа не го крие и вели дека ги гледа таквите реални шоуа.

Foto: Promo

-Ги следам реалните шоуа и мислам дека голем дел од Србија тоа го гледа.некои тоа сакаат да го признаат, некои не, но тоа просто е феномен за социологијата. Со доаѓањето на ријалити програмите во Србија, ние станавме воајери, бидејќи ги гледаме животите на луѓето кои метафорички кажано се заробени во некоја кутија и се како во некој експеримент кој ние го следиме. Можеби е грозно вака што зборувам, но така е. Сите тие луѓе се ставени на сцена и поголемиот дел од нас ги коментира, им наоѓа маани. Но тоа е судбина за луѓето кои се појавуваат јавно. Штом човек се одлучи за тоа, мора да го прифати фактот дека ќе биде предмет на коментари. Секако не може сите да ве поддржуваат и да ве сакаат. Вие, треба едноставно да се помирите со тоа и да се потрудите да го дадете најдобро од себе. Сите сме луѓе, правиме грешки, убави и грди потези. Сите кои сме на сцена имаме лични проблеми, а јас надвор од естрадата сум и мајка и сестра и ќерка, открива Цеца.

 фото:промо/ало.рс

To top