Радио Милева дарежлива

Може да учествуваат и фановите од Македонија: Kим Кардашијан подарува 500 000 долари за новогодишните празници

Може да учествуваат и фановите од Македонија: Kим Кардашијан подарува 500 000 долари за новогодишните празници

Ким Кардашијан одлучи да ги израдува фановите за новогодишните празници.

Најпознатата старлета во светот, Ким подарува дури 500 000 долари, но не сите на една личност.

Наградната игра е многу едноставна, а 1 000 најсреќни ќе добијат по 500 долари.

„Еј луѓе, ова е најубавото време од годината. Знам дека 2020 беше тешка и многу се грижеа дали ќе ја платат киријата, дали ќе обезбедат храна за семејствата и дали ќе купат подароци за Божиќ“, започна Ким, па додаде:

„Сакам да ширам љубов со доделување по 500 долари на 1000 луѓе“, напиша Кардашијан на Твитер, го стави хаштагот  “KKW holiday”  и ги покани фановите да ги остват своите податоци.

Ако сте од Македонија или од било каде, може да учествувате на следниот начин: треба да одговорите на постот на Твитер и како хаштаг да ставите $cashtag” i #KKWHoliday.

фото: твитер

 

To top